Том Харди ќе го игра Елтон Џон во биографијата “Rocketman”

Бејн е подготвен да ја замени својата маска за розеви сончани наочари.

“Rocketman” ќе ја раскаже легендарната приказна на Џон, од неговото детство до неговото издигнување кон неверојатна слава. Џон ќе пресними голем број од своите музички хитови за да одговараат на емотивните моменти во филмот, кој ќе биде режиран од страна на Мајкл Грејси, човекот кој го режираше очекуваниот “The Greatest Showman On Earth” со Хју Џекман во главната улога. Оригинално сценарио за филмот е напишано од номинираниот за Оскар Ли Хал (War Horse).

“Rocketman” ќе почне со снимање во есента 2014 година.

Текстот е објавен во соработка со МкКод

- Реклама -