Тони Михајловски: Излезот од актуелната состојба е во химната

„Нè нарекувале секако, и нас и земјата, па ете сме. Македонија и Македонците преживеале и поголеми империи, и пострашни диктатори, и полоши договори од уште понискомозочни предавници“, вели актерот Тони Михајловски, член на член на Извшниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за „Република“.

Прашан каде е излезот од „актуелната ситуација“, Михајловски посочува на химната:

„Старо младо, машко и женско да се кренеме на нозе и да излеземе на улица, и да не се повлекуваме додека не се распишат демократски предвремени парламентарни и локални избори, со кои ќе дојде до рушење на овој хибриден режим на централно и локално ниво. Сенародно ненасилно востание во кое ќе народот ќе ги преплави улиците и ќе ја покаже својата огромна љубов кон земјата. Да станеме сите за да се ослободиме. Да се обединиме и покрај разликите, секој со својата борба и идеологија во име на Македонија. Тоа би бил излезот.“

Прочитајте и:  Пешевска: Барам јавно извинување од колегите од Левица за вчерашното однесување и за зборовите изустени и упатени кон нечија мајка, сопруга, ќерка, девојка

Според него, важно е да се одбере излезот кој ќе ѝ донесе напредок и благосостојба на Македонија и македонскиот народ, но тоа, смета тој, ќе зависи од начинот на игра што ќе го одбере, како што вели „патократијата и психопатската елита“ на власт.

„Дали ќе биде, барем еднаш, доблесна и ќе си поднесе оставка, или ќе станува сè поопасна како ќе ѝ се приближува крајот. Познавајќи ги од минатото, мислам дека ќе го одберат вториот, лошиот начин. Не би ме изненадило да воведат и полициски час“, вели Михајловски. Целото интервју прочитајте го ТУКА.

 

- Реклама -