ТОНИ МИХАЈЛОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ДОВЧЕРАШНИОТ КОЛЕГА ЉУТКОВ? „Ја умревте културата, за пуста функција и преку трупови ќе газите“

Познатиот македонски актер Тони Михајловски, видно изнервиран од тоа што вработените во култура немаат плата, без влакна на јазикот си го кажа своето мислење.

„Смешни, и расипани, сте како Нушич да ве составувал. Кога ќе се поткачите една скала над другите веднаш почнувате да се***е врз нив.

За пуста функција и преку трупови ќе газите. Заборавате кои сте биле и сите што ве знаат ги бришете од “живи” за да “умре” со нив и вашата вистина. Ама не умира пустата туку о.ц “како шило врти врти и ќе излезе на другата страна” з.ц. Авторот на цитатот добро познат на “војводите”. А еве ја вистината.

Ја умревте културата. Ја распнавте и заковавте клинци и ја оставивте да умре. Симболично или не баш пред Велигден. Знаете што следува, нели. Таа ќе “воскресне” и ќе ви покаже дека е поголема и побитна од сите вас во институциите оптан топтан.

Се гледаме на “барикадите” пошто на сцена не заслужувате да се гледаме, а реално и слабо одите у театар.

Вечерва имаме претстава. Онаа популарната. Онаа што “министерот” не ја гледал пошто била добра. Јаден он и јадна култура со се туризам.

Најверојатно ќе играме за да не ја изневериме публиката која платила карти а ние сеуште немаме плата.

И најверојатно заради среќните робови кои се најголеми непријатели на Слободата“, напиша тој на фејсбук.