По доцнење од половина час на судењето за предметот „ТНТ“, адвокатот Јовица Страшевски, кој го застапува ексградоначалникот Тони Трајковски со медицинска документација од вчера, го оправдуваше денешното ново отсуство на обвинетиот.
Неговиот адвокат Јовица Страшевски рече дека синоќа Трајковски бил примен во Ургентниот центар, а потоа на Клиниката за неврохирургија.
– „Неговата состојба е многу лоша, тешко зборува, повраќа, не е ориентиран, не е комуникативен“, рече Страшевски.
„За престанок на мандатот на поротничката треба да имаме одлука на Судскиот совет. Со оглед дека претседателот на судот побарал да се продолжи мандатот, сметам дека теоретски постои можност да се продолжи мандатот“, рече застапникот на обвинението, обвинителот Бурим Рустеми.
Рустеми побара раздвојување на постапката за обвинетиот Тони Трајковски, Марика Зафировска, Александра Аврамовска.
Повеќе на А1он.