Одлучил засекогаш да ги избрише трагите кои би можеле да го потсетат на неговата поранешна сопруга.
„Нова тетоважа преку старата. Избришано минато па со нова за посреќна иднина“, напишал Тони Цетински под фотографијата објавена на Инстаграм.
Познатиот пејач решил да ја покрие венчалната тетоважа на прстен на левата рака, која ја направил за време на бракот со Ивана Новило.
Со нова тетоважа се пофалила и неговата сопруга Дубравка која на зглобот истетовирала „АС“- иницијалите на својот сопруг.