За
летните горештини ви спремивме селекција од 10-те најдобри летни
коктели. Состојките може да ги најдете во најблиската продавница за
алкохолни пијалоци или евентуално би можеле да импровизирате со слични
пијалоци. За оние кои не поднесуваат алкохол, Yellow Runner и Pussy
Foot се вистинскиот избор.
Tequila Sunrise
50мл текила
сок од портокал
1.8мл Grenadine сируп
Ставете ја текилата во чаша со лед и потоа додадете го сокот од
портокал. Измешајте. Потоа додадете го и Grenadine сирупот набрзина со
вертикално превртување на шишето. Декорирајте со сламка, чадорче и
портокал.
Caipirinha
2 лажички гранулиран шеќер
8 тенки парчиња лајм
70мл Cachaca
Ставете го шеќерот заедно со парчињата лајм во чашата. Наполнете ја со лед и потоа ставете ја Кашасата во неа. Добро измешајте.
Sex on the Beach
30мл водка
25мл шнапс од праска
сок од рибизли
сок од грејпфрут
Додадете водка и шнапс од праска во чашата. Наполнете ја со еднакви мерки сок од рибизли и сок од грејпфрут и промешајте.
Long Island Ice Tea
20мл водка
20мл рум
20мл текила
20мл џин
20мл безбоен ликер од портокали
20мл спрајт
ликер од малини
Измешајте ги сите состојки во шејкер за коктели наполнет до половина со ледени коцки и потоа сервирајте во чаша.
Cuba Libre
60мл бел рум
сок од 1 лајм
Кока Кола
Ставете го сокот од лајм во чаша. Потоа додадете го ледот, Кока Колата и измешајте.
Swimming Pool
1 лажица кршен лед
10мл благ крем
25мл кокосов крем
60мл сок од ананас
25мл водка
45мл бел рум
10мл плав Curacao ликер
Измешајте ги состојките добро и сервирајте ги во егзотична чаша. Потоа додадете го плавиот Curacao ликер одозгора.
Mai Tai
30мл бел рум
15мл Алмонд ликер
30мл сок од лимон и шеќер
сок од ананас
15мл темен црн рум
Ставете го белиот рум и Алмонд ликерот во чаша. Наполнете ја со исти
количини сок од лимон со шеќер и сок од ананас. Додадете го црниот рум,
голема сламка и послужете.
Zombie
15мл Бакарди
30мл сок од ананас
30мл сок од портокал
15мл бренди од праска
1 лажица шеќер
50мл бел рум
30мл црн темен рум
30мл сок од лајм
Измешајте ги сите состојки со лед, освен Бакардито. Ставете ги во чаша
и потоа додадете го румот одозгора. Гарнирајте со свежо парче овошје,
нане и цреша.
Yellow Runner (безалкохолен)
100мл сок од ананас
80мл сок од грејпфрут
10мл сок од цитрон
10мл сок од мандарини
Ставете ги сите состојки во шејкер и промешајте 10 секунди. Потоа
наполнете ја чашата во која има лед и декорирајте со чадорче и парче
киви.
Pussy Foot (безалкохолен)
10мл Grenadine сируп
40мл сок од ананас
40мл сок од портокали
40мл сок од грејпфрут
Измешајте ги состојките во голема чаша со лед. Гарнирајте со свежо овошје и цреша. Додадете сламка и сервирајте.