Топ 10 отворачи за пиво

1236656578.jpg Иако на повеќето не им е толку битно како изгледа еден отворач за пиво, туку само да си ја врши функцијата и да отвори пиво – не би било лошо да погледнеме до каде стигнала човечката креативност. Па, еве го вашиот омилен предмет/алатка…во малку поинакво издание.

Иако на повеќето не им е толку битно како изгледа еден отворач за пиво, туку само да си ја врши функцијата и да отвори пиво – не би било лошо да погледнеме до каде стигнала човечката креативност. Па, еве го вашиот омилен предмет/алатка…во малку поинакво издание.

Прстен отворач
a365_ring.jpg
Со овој прстен секој може да биде Ирец. За само $12.95 ќе станете главен „фраер“ во таверната. Уживајте во пиењето:)


Сандала отворач

a365_sandal.jpg
Овие сандали чинат од $13.49 до $39.95 и имаат отворач за шишиња на дното. Е, тоа се сандали со кои сите ќе уживаме!

USB отворач
a339_bottle.jpg
Ова USB чини $43.71 и може да има меморија од….зарем е важно?! Може да отвора шишиња – тоа е важно!

Синџир од велосипед отворач
a365_bike.jpg
Како можете да рециклирате синџир од велосипед? Па, еве идеа: направете го отворач за шишиња:) За само $11.95 можете да се опијаните и да ја зачувате планетата во исто време.

Бејзбол капа отворач
a365_cap.jpg
Со оваа капа можете да отворите шише! Чини само $17.00(само???). Ви препорачуваме секогаш да ја носите, па и кога нема сонце:)

Кредитна картичка отворач
a365_cc.jpg
Единствена кредитна картичка која можете да ја користите и кога ви е истечена. Оваа картичка која чини $6.19 секогаш носете ја во вашиот паричник – и да не можете да ги платите пивата, барем ќе можете да ги отворите:)


Магнет за фрижидер
a365_magnet.jpg
Чини $40.78, многу е модерен и секогаш е баш каде што ви е најпотребен – на фрижидерот.

Клуч отворач
a365_key.jpg
Овој клуч неможе да отвори ниедна врата, но може да отвори пиво – мислиме дека тоа е подеднакво добро. Чини само $9.48 и неговата форма и големина е иста како и стандарден клуч, па можете слободно да го ставите на приврзокот со другите клучеви.

Скелет отворач за шише
a365_skeleton.jpg
Нели е ова слатко? Не, не е. Чини $34.95.

Хомер Симпсон отворач за шише
a365_homer.jpg
Овој отворач чини $7.99 и има лиценца – а и зборува. Хомер Симпсон полудува по пиво секој пат кога ќе го користите овој отворач. Е, ова е слатко.

- Реклама -