Секоја година, научниците откриваат по 15.000 нови животински и растителни видови, а секое од нив треба да добие име. Со толку многу нови видови, научниците се принудени да се свртат кон популарната култура за инспирација. Еве една листа на познати луѓе и често необичните видови кои се именувани според нив.
Секоја година, научниците откриваат по 15.000 нови животински и
растителни видови, а секое од нив треба да добие име. Со толку
многу нови видови, научниците се принудени да се свртат кон популарната
култура за инспирација. Еве една листа на познати луѓе и често
необичните видови кои се именувани според нив.
растителни видови, а секое од нив треба да добие име. Со толку
многу нови видови, научниците се принудени да се свртат кон популарната
култура за инспирација. Еве една листа на познати луѓе и често
необичните видови кои се именувани според нив.
1. Barack Obama: Caloplaca obamae
Претседателот Барак Обама е еден од последните чие име беше овековечено на овој начин во март 2009. Честа да го носи неговото име му припадна на еден вид лишај со портокалова боја.
2. George W. Bush – Agathidium bushi
3. Dick Cheney – Agathidium cheneyi
4. Donald Rumsfeld – Agathidium rumsfeldi
Сите три члена на претходната американска администрација ја имаат честа по еден вид на бумбар да биде наречен според нив.
5. Darth Vader: Agathidium vaderi
И Darth Vader си доби вид на бумбар кој ќе го носи неговото име. Причината е јасна и очигледна: сјаен шлем и слични очи.
6. Roy и Barbara Orbison: Orectochilus orbisonorum
Овој вид на бумбар кој изгледа дека носи смокинг беше наречен во чест на познатиот музичар и неговата сопруга.
7 и 8. Stephen Colbert: Aptostichus stephencolberti и Agaporomorphus colberti
Комичарот, кој ги молеше научниците да наречат некој вид според него во The Colbert Report, беше почестен со тоа два пати – еднаш со пајак и друг пат со венецуелски подводен бумбар. Овој вид на бумбари се специфични заради машките репродуктивни органи со мали влакненца.
9, 10 и 11. Frank Zappa: Phialella zappai (медуза), Pachygnatha zappa (пајак) и Zappa, a genus of Gobiidae (риба)
Френк Запа повеќе пати бил инспирација за именување на некој нов вид. Во 1987, еден научник кој сакал да го запознае Запа именувал нов вид на медуза според него (планот бил успешен и научникот се сретнал со својот идол). Потоа, научниците именуваа еден вид риби според него за после тоа еден нов вид на пајаци чија црна шара ги потсетила истражувачите на мустаќите на Френк Запа да го добијат неговото име.
12. John Cleese: Avahi cleesei
Не, тука нема никаква врска сличноста во физичкиот изглед. Во 2005, научниците именуваа еден вид на крзнест лемур во чест на монтипајтонецот за да му одадат признание поради неговато залагање за заштита на овој вид. Cleese се залагаше за лемурите преку филмот Fierce Creatures и документарецот Operation Lemur With John Cleese.
13. Kate Winslet: Agra katewinsletae
Овој вид на бумбар беше наречен според актерката заради нејзината улога во Титаник. Научното објаснување вели: „Карактерот кој го играше Винслет не потона со бродот, но не сме сигурни дека истото ќе важи и за овој вид грациозни инсекти, доколку продолжи уништувањето на дождовната шума.“
14. Hugh Hefner: Sylvilagus palustris hefneri
Овој редок вид на зајаци кои живеат во југоисточниот дел на САД, беше именуван според основачот на Плејбој. После тоа, Хефнер основа фонд за заштита на овој загрозен вид.
15. Greta Garbo: Rostropria garbo
Самотната женска оса ги потсетила научниците на Гарбо чија славна реченица е „Сакам да бидам сама“.
16 и 17. Harrison Ford: Pheidole harrisonfordi (мравка) и Calponia harrisonfordi (пајак)
Два видови на инсекти се наречени според Харисон Форд. Научниците именуваа еден вид на пајаци според овој актер за да му заблагодарат за тоа што беше наратор во документарецот за Лондонскиот Природно-научен музеј.А мравките беа наречени според него заради неговите залагања за зачувување на ретките видови.
18. [[Gary_Larson]]: Strigiphilus garylarsoni
Еден вид на вошка ја доби честа да го носи името на овој познат стрип автор. Гари Ларсон изјави дека ова е особена чест за него: „Покрај тоа, знам дека никој нема да именува нов вид на лебеди според мене. Мора да се грабне ваквата шанса кога таа еднаш ќе се укаже.“