Специјализираното списание DieselCar Magazine ги објави резултатите од овогодинешното издание на изборот за најдобри автомобили, кои можат да се купат во моментов на пазарот.
За разлика од претходните години, кога беа определувани победници во десет основни категории, за 2016, од списанието формираа рејтинг листа на 50-те најдобри актуелни предлози.
Победник во првото издание на рангирањето DieselCar Top 50 на DieselCar Magazine е Kia Sportage (најдобар SUV во средна класа), за кој од екипата на весникот коментираат дека го „заработи“ признанието благодарение на своето високо ниво на опрема, прифатлива цена, одлично однесување на патот и лидерска седумгодишна фабричка гаранција.
На второ место се најде новиот Jaguar XF (најдобро репрезентативно возило), а на трето Volvo XC90 (најдобар луксузен SUV).
Дополнителни признанија, слично на Sportage, XF и XC90, добиваат Ford Focus (најдобар хечбек), Citroën C4 Cactus (компактен кросовер) Tesla Model S (еко-возило), Škoda Octavia (караван), Ford Fiesta (мал автомобил), Hyundai i10 (субкомпакт), Audi A4 (компактен), Citroen C4 Picasso/Grand C4 Picasso (MPV) Mercedes-Benz S-класа (луксузен), Audi TT (спортски), Ford S-MAX (гоклем MPV), Toyota Prius (хибрид) и Nissan NP300 Navara (пикап).
Топ 50 на DieselCar Magazine
1.Kia Sportage
2.Jaguar XF
3.Volvo XC90
4.Škoda Superb
5.Ford Focus
6.Citroën C4 Cactus
7.Nissan Qashqai
8.Jaguar F-Pace
9.Tesla Model S
10.Škoda Octavia
11.Range Rover Sport
12.Ford Fiesta
13.Hyundai i10
14.Audi A4
15.MINI Clubman
16.Citroen C4 Picasso / Grand C4 Picasso
17.Mercedes-Benz E-класа
18.SEAT Leon
19.Jaguar XE
20.Volkswagen Golf
21.Kia Сee’d
22.Mazda CX-5
23.Porsche Macan
24.Audi TT
25.Ford S-MAX
26.Mercedes-Benz S-класа
27.Range Rover
28.Ford Galaxy
29.Land Rover Discovery Sport
30.Škoda Yeti
31.BMW 3
32.Ford Mondeo
33.Mazda2
34.Renault Kadjar
35.BMW 5
36.Mazda CX-3
37.Audi A3
38.Volkswagen Passat
39.Mazda6
40.MINI Hatch
41.Mazda3
42.Toyota Prius
43.DS 3
44.Audi Q7
45.Nissan NP300 Navara
46.BMW X1
47.Volkswagen Polo
48.Peugeot 308
49.Ford C-MAX / Grand C-MAX
50.Kia Sorento