Топ 8 холивудски мажишта (кои ќе ви ги собере в џеб)

Мажишта Велат – убавите нешта доаѓаат во мали пакувања. И иако девојките, а и порно индустријата нема да се согласат со ова, Холивуд сигурно ќе го потврди. Некои од најмажествените филмски ликови во историјата на филмот комотно можете да ги ставите в џеб, поради нивната импозантна големина.


Велат – убавите нешта доаѓаат во мали пакувања. И иако девојките, а и
порно индустријата нема да се согласат со ова, Холивуд сигурно ќе го
потврди. Некои од најмажествените филмски ликови во историјата на
филмот комотно можете да ги ставите в џеб, поради нивната импозантна
големина.

8. Лук Скајвокер (Марк Хамл)
 8. Лук Скајвокер (Марк Хамл)
Лук Скајвокер на прв поглед изгледа како мекуш. Лелеава светла коса, нежен тен, сини очи, слаба конституција. Но, не заборавајте дека додека го читате ова, тој може да ја искористи силата и да ве натера сами да си удрите неколку шлаканици затоа што се сомневале во него. Висок е неверојатни 175 сантиметри.

7. Џејмс Т. Кирк (Вилијам Шатнер)
 7. Џејмс Т. Кирк (Вилијам Шатнер)
Кога не заведуваше зелени жени и не изигруваше вселенско макро, капетанот на Ентерпрајз се пресмета со некои од најстрашните вонземјани во вселената и тоа во борба со голи раце. И секогаш победуваше! Висок е 175 сантиметри.

6. Жан Клод ван Дам
 6. Жан Клод ван Дам
Со своите 175 сантиметри, Жан Клод ван Дам е најголемиот извозен производ на Белгија. Она што е важно да се знае е дека пред да помине во светот на филмот, тој бил професионален карате шампион, со рекорд на кариерата од 18 победи и само 2 порази.

5. Лудиот Макс (Мел Гибсон)

 5. Лудиот Макс (Мел Гибсон)
Откако уличните бандити му ги убија жената и синот и му го украдоа бензинот, Австралиецот висок 175 сантиметри тргна во бескомпромисна одмазда. Ги убиваше сите што имале нешто со случајот, брутално и безмилосно. И кој може да го обвини, со оглед на цената на нафтата?

4. Снејк Плискин (Курт Расел)
 4. Снејк Плискин (Курт Расел)
Снеј Плискин, уште еден во низата јунаци високи 175 сантиметри, прво избега од Њујорк, а потоа и од Лос Анџелес. Колкумина можат да слетаат едрилица на врвот од Светскиот Трговски Центар, покрај фактот што имаат само едно око? Колкумина ќе тргнат во самоубиствена мисија и ќе успеат да го извадат претседателот од најлошиот затвор на сите времиња, за потоа да го прејдат в лице на целата јавност? Можеме само да претпоставуваме….

3. Џек Бауер (Кифер Сатерленд)

 3. Џек Бауер (Кифер Сатерленд)
Ако некогаш го послушаа Џек Бауер, тогаш серијата ќе се викаше 12! Џек, со своите импозантни 175 сантиметри, го прави Чак Норис да изгледа како Телетабис. На Чак Норис му се случувало да прими удар, па дури и да прокрвари, но не и Џек Бауер! Тој своерачно го има спасено светот повеќе пати отколку сите филмски јунаци заедно!

2. Рамбо (Силвестер Сталоне)

 2. Рамбо (Силвестер Сталоне)
Не постои име во светот на филмот што зрачи со мажественост колку името Рамбо. Само што ќе чуете за него, знаете дека нешто страшно ќе се случи ако му се спротиставите. Но, веројатно не знаевте дека овој ветеран од виетнамската војна е висок едвај 174 сантиметри.

1. Змејот (Брус Ли)

 1. Змејот (Брус Ли)
Ако не знаете зошто Брус Ли е најголемото филмско мажиште на сите времиња, тогаш добредојдовте на планетава. Ако не сте гледале ништо со него, тогаш симнете си го „Во гнездото на змејот“ и ќе видите зошто засекогаш ќе ни недостасува прерано починатиот кунг-фу мајстор. Тој имаше едвај 170 сантиметри.

- Реклама -