Торентите се плашат од Chrome

Операторите на торент сајтовите стравуваат од плановите на Google да вгради ad-blocker-и во својот интернет пребарувач. Таквиот потег претставува закана за постоењето на торентите.

Како што известува TorrentFreak, најголемиот дел од торент сајтовите дури и сега мака мачат да се одржат во живот и да заработат доволно пари за да го платат хардверот и хостингот. Се разбира, нивниот примарен извор се рекламите.

Но Chrome е најпопуларниот пребарувач меѓу посетителите на торент сајтовите, а згора на тоа, 40% од нив веќе имаат вградено блокери за рекламите. Ако Google ги исполни најавите дека Chrome наскоро ќе блокира „досадни“ и „нападни“ реклами по дифолт, тоа ќе значи дополнителна пречка за опстојувањето на торентите.

Прочитајте и:  Google ќе мора да го продава Chrome

Неименуван сопственик на еден од таквите сајтови потврдува дека економијата на торентите и во моментов е во сериозно лоша состојба, и дека ако торент сајтовите не успеат макар да ги покријат трошоците, никој нема да дава пари од свој џеб за да ги одржи во живот. Додава и дека, да, тестирале други алтернативни методи на заработка, но рекламите се покажале како едиствено исплатливо решение.

Од друга страна, има и такви како Torlock. Тие се сложуваат дека во иднина на торент сајтовите ќе им биде многу тешко да бидат профитабилни. Од друга страна, велат дека тие тоа го прават од љубов, „така што потезите на Chrome нема претерано да им влијаат“.

- Реклама -