Тошиба најави 3D телевизор без специјални очила (видео)

ТошибаТошиба подготвува два 3D телевизори кои можат да создадат слика со илузија за длабочина, но за кои не се потребни очила. Вчера беше најавено дека телевизорите ќе бидат пуштени во продажба во Јапонија во декември. Отстранувањето на потребата за очила, е одговор на честите поплаки од корисниците. Но сепак, овие телевизори нема да бидат евтини.

Тошиба подготвува два 3D телевизори кои можат да создадат слика со илузија за длабочина, но за кои не се потребни очила. Вчера беше најавено дека телевизорите ќе бидат пуштени во продажба во Јапонија во декември. Отстранувањето на потребата за очила, е одговор на честите поплаки од корисниците. Но сепак, овие телевизори нема да бидат евтини.

ТошибаПрвите модели кои ќе бидат пуштени во продажба ќе бидат со димензии од 30 сентиметри (12 инчи) и 50 сентиметри (20 инчи). Цената ќе биде 120000 јапонски јени (1045 евра) за помалиот и 240000 јени (2090 евра) за поголемиот. Тошиба сè уште нема најавено кога телевизорите ќе бидат пуштени во продажба надвор од Јапонија.

„Компанијата чека поголеми екрани за странските пазари“ рекол Масааки Оосуми, претставник на Тошиба, „За странските пазари како на пример САД се потребни телевизори со димензии од над 40 инчи, што значи деко овие модели ќе бидат премногу мали.“

Поголемиот модел располага со Cell Broadband Engine, верзија на процесорот кој се наоѓа во PlayStation 3 конзолата. Овој процесор подржува неколку напредни функции за обработка на слики, и од Тошиба велат дека ќе може да претвара стандардна 2D слика во квази-3D без проблеми.

{youtube}g4DpXDu72OE{/youtube}

3D телевизорите можат да симулираат длабочина бидејќи испраќаат различна слика во секое око. Кај сегашните 3D телевизори, сликите за секое око се прикажуваат со голема брзина, една по друга. Очилата ги филтрираат сликите, што значи дека десното око ја гледа само едната слика, а левото другата.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

Новите телевизори на Тошиба имаат тенок слој мали леќи пред дисплејот. Зад овој слој леќи се наоѓа уникатен LCD екран. Секој екран содржи 8,29 милиони пиксели – четири пати повеќе од стандарден “full HD” телевизор – сместени во групи од по девет пиксели во секоја боја. Деветте леќи ја делат светлината од секоја група пиксели и ја испраќаат до десет точки пред телевизорот.

Ако гледачот седи во една од овие точки, тогаш тие ќе гледаат 3D илузија. Деветте точки би требало да му овозможат на цело семејство да ужива во 3D забава истовремено. Поради ваквиот дизајн, и покрај големиот број пиксели, сликата која ќе се гледа од овие девет точки ќе биде еднаква на слика со висока дефиниција од 720p.

Слична технологија е употребена и во неодамна најавената преносна конзола на Нинтендо, 3DS. 3DS има дисплеј од Шарп и ја испраќа сликата во само една точка, што не е проблем бидејќи се работи за преносна конзола. [Toshiba unveils 3D TV without glasses]

- Реклама -