Toyota ги „вкрсти“ Yaris и RAV4

Toyota подготвува целосно нов автомобил со зголемена проодност, кој ќе го претстави официјално на автомобилскиот салон во Токио идната недела. Возилото ќе се вика ViRA, а од компанијата понудија две негови официјални фотографии.

Toyota ViRA во моментов е концепт кој сепак има сериозни шанси за сериско производство. Причината е дека моделот е позициониран во сегментот на компактни кросовери, кој пазарно постојано расте. Всушност ViRA претставува хечбек со спортски дизајн, две врати и зголемена проодност – микс помеѓу моделите ViTZ (познат во Европа како Yaris) и RAV4, па дури и името му е создадено од овие две ознаки – Vi од ViTZ и RA од RAV4.


Од понудените две фотки не се забележува особена сличност со RAV4 или Yaris. Веројатно сепак концептот презел техника токму од нив. Што се однесува до дизајнот, формите се импресивни, нетипични за умерениот стил на јапонската марка. Силуетата потсетува на машини како Ferrari FF, додека предниот дел може да биде споредувана со „муцката“ на супер изведбите од Zenvo.

Автоплус

- Реклама -