Toyota го препороди легендарниот теренец Land Cruiser 70

Toyota одлучи да ја одбележи 30-годишнината од пуштањето во производство на теренецот Land Cruiser 70 со производството на специјална серија од моделот, кој беше повлечен во 2004 година.

Производството ќе биде само за Јапонија и тоа само до крајот на годината.


Ревитализираниот Land Cruiser 70 ќе се нуди во две варијанти – со четири врати тип комби и за прв пат во Јапонија како пикап со двојна кабина. И двете опции ќе се прават во производствениот комплекс на Toyota Cyti во Јошивара. Toyota веќе прима нарачки за него и на самиот старт се покажа дека има невиден интерес.

Land Cruiser 70 се појави во гамата на компанијата во 1984. Тоа беше теренец со носечка рамка, наменет за користење во тешки услови на патот или off-road. Моделот имаше 4-литарски бензински V6 со моќност од 231 КС, 5-брзински мануелен менувач и погон на сите четири тркала.



- Реклама -