Eден од најимпресивните автомобили, прикажани на автосалонот во Детроит беше концептот на Toyota – FT-1. Со него Јапонците најавија сериозен мост меѓу прекрасното спортско минато и агресивната иднина.
Со години дизајнот на Toyota трпи повеќе критики за безличността и тривиалността, но очигледно внукот на Соичиро, шефот најголемиот производител на автомобили во светот, навестува дека моделите во иднина ќе почнат да добиваат поинаков изглед, како во екстериерот, така и во ентериерот. На ред е многу поагресивен, спортски, динамичен… дизајнерски јазик, тврди првиот човек на компанијата, што и е сосем за очекување, бидејќи самиот Акио Тојода е докажан љубител на спортските автомобили и на тркачките патеки.
„FT-1 е духот на промената на развојот во Toyota. Ова е најава за иднина на брендот“, се вели во прес материјалот за моделот објавен пред неговото претставување во Детроит.
На многумина од фановите на автомобилите можеби FT-1 ќе им се стори само како еден пример на фасцинирачка дизајн – фантазија, наменет исклучиво и само кон привлекување на симпатии на јавноста. Како концепт, како и многу други пред него, „ќе биде заборавен“ за месец или два по прикажувањето.
-Во случајов, сепак, не е така – автомобилот е поглед кон иднината, одговара на насоките поставени пред брендот, потенцира Акио. -Ова е автомобили со висок емоционален надворешен изглед, радикално различен од досегашните, високо ефективен од енергетска гледна точка, модел кој прави фанови да го кажат она што секој производител го посакува – „Го сакам ова!“
Концептот ја предвидува иднината, а црпи инспирација од култните модели на брендот како 2000GT, Celica и Supra. Сите надворешни елемнети, освен импресивни, се и многу функционални. Во внатрешноста идејата за функционална скулптурност прифаќа малку полесна форма. Насочена е кон намалување на тежината на употребените материјали, но дава доволно потпора и мекост во областите каде што може да се случи контакт со телото на патникот во автомобилот. Toyota не пријави детали околу моторот на концептот FT-1, но е јасно дека погонот е на задната оска, а моторот е класичен со внатрешно согорување.
Повеќето аналитичари сметаат дека дизајнот на FT-1 не само што ја покажува општа насока на развој на целокупниот дизајн на идните Тојотини модели, но е и доста близок да оној кој ќе го има наследникот на Supra. Toyota за сега молчи по ова прашање?!