Раководството на Toyota дало „зелено“ светло за градење на нов седан врз основа на каросерија GT86. Концептот на моделот ќе дебитира на салонот во Женева, во март следната година, а сериската верзија ќе се појави во крајот на 2015 или почетокот на 2016 година.
Седанот GT86 ќе биде со зголемено растојание меѓу двете оски за околу 100 милиметри, па неговата должина ќе достигне 4.240 mm. Во палетата на мотори ќе се најде место користениот во моментов 2.0 – литарски бензински мотор со 200 КЅ, нов хибриден агрегат. Неговата моќ ќе биде околу 270 КЅ, а ќе располага со систем за обновување на енергијата слична на онаа од болидите во Формула 1.
Според претставници на производителот, новиот седан ќе биде насочен кон клиенти на возраст од околу 40 години, кои имаат искуство во возењето на автомобили со заден пренос како Mazda RX-8 или Honda S2000.
Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус