Трагично загина 15 годишниот син на Ник Кејв

Синот на музичарот Ник Кејв почина по пад од карпа, висока 18 метри.

15-годишното момче било пронајдено на плажата во источен Сасекс.

Светските медиуми пренесуваат дека полициските службеници констатирале дека смртта на жртвата е трагична несреќа, но се уште не е познато како паднало момчето. Ник и неговата сопруга ја потврдија трагичната вест за нивниот син во соопштение за јавноста:

„Нашиот син почина во вторникот вечерта. Тој беше нашето убаво, среќно, сакано момче.“

Откако Артур паднал, возилото на итната помош побрзало на местото на несреќата, каде го затекнале момчето со сериозни повреди на телото.

Артур бил однесен во болницата во Брајтон, каде што подлегнал на повредите.

- Реклама -