Трамп: Го направив НАТО силен

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп на неговата социјална мрежа „Трут сошл“ (Truth Socia) напиша дека за неговиот мандат „Го направив НАТО силно“.

Неговата објава напишана со сите големи букви уследи откако за викендот дека „ќе ја охрабри Русија во случај да нападне членка на НАТО, која не ги плаќа своите сметки во Алијансата“.

– Кога реков дека 20 земји кои не го плаќаа својот фер удел мора да платат и дека ако не платат, нема да имаат американска воена заштита, парите почнаа да пристигаат. По толку години откако САД плаќаа за другите, тоа беше прекрасна глетка. Но, сега, кога не бев таму да кажам дека треба да платат, тие се вратија на стариот начин, посочи Трамп.

Коментарот на Трамп предизвика бурни реакции во Европа, а реагираа и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

– Секоја сугестија дека сојузниците нема да се бранат меѓусебно ја поткопува безбедноста на сите нас, вклучително и на САД, и ги изложува американските и европските војници на зголемен ризик, наведе Столтенберг

Во меѓувреме, на изјавата на Трамп реагираше и претседателот на Европски совет, Шарл Мишел.

– Трансатлантската алијанса ја поддржува безбедноста и просперитетот на Американците, Канаѓаните и Европејците веќе 75 години. Невнимателните изјави за безбедноста и солидарноста на НАТО од членот пет им служат само на интересите на Путин и не носат ниту повеќе безбедност, ниту повеќе мир во светот, напиша Мишел на мрежата Икс.

Тој додаде дека невнимателните изјави за безбедноста и солидарноста на НАТО се во корист на рускиот претседател Владимир Путин и „не носат ниту повеќе безбедност, ниту повеќе мир во светот“.

Прочитајте и:  Меркел: Ако Украина зачекореше кон НАТО во 2008, војната ќе започнеше тогаш и немаше да биде подготвена

Додека премиерот на Полска, Доналд Туск изјави дека Трамп донекаде е во право за изјавата дека НАТО нема да ги брани членките кои го отежнуваат финансирањето, „бидејќи Европа не смее да се потпира на добрата волја на САД да ја брани, затоа што тоа порано или подоцна ќе заврши со катастрофа“.

– Често сум се спротивставувал на Доналд Трамп, но мора да признаеме дека тој е во право. Ако Европа не почне вистински да се грижи за својата безбедност во поголема мера, ако ја оставиме безбедноста на Европа само на добрата волја и подготвеноста на САД да ја брани, тогаш порано или подоцна тоа ќе заврши со катастрофа, истакна Туск/

Тој додаде дека Европа мора да стане свесна дека е неодржливо да биде економски и цивилизациски џин, а кога станува збор за одбраната да биде џуџе.

– Светот се промени. Денес сите ја гледаме оската на Русија, Кина, Иран, Северна Кореја, која донекаде не потсетува на времето на Студената војна. Како земја на граница со фронтот, мораме да ги разбудиме политичарите и општествата во Европа, да ја сфатат заедничката одбранбена политика како заедничка инвестиција. Европските пари мора да одат и во одбрана, наведе Туск.

Трамп е фаворит за републикански претседателски кандидат на изборите што се закажани во ноември.

Според членот пет од Повелбата на НАТО, членките се обврзуваат да ја бранат секоја нација во блокот што е нападната.

- Реклама -