„Кога станува збор за данок на дигитални услуги, многу европски земји во моментов дискутираат за негово воведување за американските компании“, изјави Трамп на неговата социјална платформа Трут Соушал. „Некои од овие земји навистина се блиску до реализација на тоа“, додаде тој.
„Ова соопштение нека биде сигнал дека секоја држава која ќе одлучи да воведе таков данок, веднаш ќе се соочи со царини од 100 проценти за сите стоки што ќе бидат испратени во Соединетите Држави“. Трамп истакна дека новите царини ќе ја заменат секој постоечки трговски договор со САД, без разлика дали е потпишан или не“.
Францускиот претседател Емануел Макрон, ден пред средбата со Трамп на самитот на Г7, изјави дека Франција нема намера да се повлече под притисокот од американскиот претседател и да се откаже од својот дигитален данок на технолошките гиганти од САД.
Пред патувањето за самитот во Франција, Трамп предупреди дека САД „нема да имат избор“ и дека ќе мора да воведат царини од 100 проценти на француските вина ако Париз не го укине својот дигитален данок.
Од 2019 година, Франција применува надоместок од три проценти на приходите генерирани од дигитални услуги на компании со приход од над 25 милиони евра во земјата или 750 милиони евра ширум светот.
Новиот притисок од Трамп се јави откако земјите членки на Европската Унија формално го одобрија трговскиот договор со САД, постигнат минатата година, со кој се ограничуваат царините за европскиот увоз на 15 проценти, известува Франс прес.




