Трамп и не е така глупав, „Боинг“ може и да го послуша: Не е исклучена промена на името на проблематичниот 737 MAX

Финансискиот шеф на американскиот авио-гигант Boeing – Грег Смит, откри дека навистина постои можност за промена на името на дефектниот модел 737 MAX, како што впрочем и советуваше (неповикан) американскиот претседател Доналд Трамп уште во април. По двете фaтaлни нecpeќи, моделот беше приземјен во еден куп земји.

„Велам дека пристапуваме со отворен ум кон целиот фидбек што го добиваме“, вели Смит за Bloomberg. „Посветени сме на тоа да направиме сè што е потребно за да го вратиме (моделот) на нозе. Ако тоа значи да го промениме брендот, тогаш ќе го адресираме и тоа прашање. Ако не, ќе адресираме што и да е друго со повисок приоритет“.

Ребрендирање на авион кој се здобил со лош публицитет поради авионска нecpeќа би бил настан без преседан, но токму тоа Трамп му го препорача на авиогигантот во април преку својот Твитер профил:

„Што знам јас за брендирањето, можеби ништо (но станав претседател!), но ако јас бев Boeing, ќе го поправев Boeing 737 MAX, ќе додадев неколку дополнителни одлични опции и ќе го РЕБРЕНДИРАВ авионот со ново име. Ниту еден продукт не стpaдал како овој. Но, пак ќе речам, што по ѓаволите знам јас?“, напиша тогаш Трамп.

Прочитајте и:  Елен Деџенерис наводно се иселила од САД поради победата на Трамп

Авиоекспертите, меѓутоа, не се убедени дека тоа би помогнало. Освен што ќе биде чекор без преседан, тие истакнуваат и дека авиокомпаниите нема да гледаат на моделот со поинакви очи само затоа што ќе има ново име. Што се однесува до патниците, „повеќето луѓе не ни знаат дали летаат со Airbus или Boeing. Тие гледаат само во цената на картата“, вели Шем Малмквист – истражувач на авионски нecpeќи и привремен професор на Институтот за технологија во Флорида.

Двата Боинг-а 737 MAX – едниот на Indonesia’s Lion Air, a другиот на Ethiopian Airlines – се ypнаа во период од само 5 месеци, однесувајќи вкупно 346 живoти, што доведе до глобално приземјување на новиот модел. Двете нecpeќи беа предизвикани поради погрешни податоци од AoA сензорите, поради кои софтверот на авионот лажно детектирал губење на брзината, па автоматски го насочувал носот на авионот надоле.

 

- Реклама -