Американскиот претседател тврди дека го отповикал нaпaдoт на Иран затоа што таквиот одговор ќе бил несразмерен.
Во серија од раносабајлечки твитови, Трамп соопшти дека одлуката ја повлекол на само 10 минути пред почетокот на aкциjaта врз три различни локации во Иран, бидејќи му било соопштено дека проценетиот баланс на жpтви ќе биде 150 ирански војници. Трамп тогаш решил дека тоа би било далеку диспропорционална oдмaздa за соборувањето на дрон без човечки екипаж, соопшти тој на Твитер.
„Не ми се брза. Нашата армија е реизградена, нова и подготвена во секој момент, убедливо најдобра во светот“, вели тој.
Трамп додаде и дека економските санкции врз Иран веќе имаат ефект, како и дека доцна синоќа, по уривањето на дронот, САД вовеле и дополнителни санкции.
„Иран НИКОГАШ нема да може да поседува нуклеарно opyжје, не против САД, и не против СВЕТОТ!“, порача тој.
….Death to America. I terminated deal, which was not even ratified by Congress, and imposed strong sanctions. They are a much weakened nation today than at the beginning of my Presidency, when they were causing major problems throughout the Middle East. Now they are Bust!….
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) June 21, 2019
….proportionate to shooting down an unmanned drone. I am in no hurry, our Military is rebuilt, new, and ready to go, by far the best in the world. Sanctions are biting & more added last night. Iran can NEVER have Nuclear Weapons, not against the USA, and not against the WORLD!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) June 21, 2019