Трамп: САД го поминаа пикот на епидeмиjaта

САД го поминаа пикот на епидемијата на коронавирус и наскоро ќе го започнат процесот на реотварање, најави американскиот претседател Доналд Трамп синоќа на прес-конференцијата во Белата куќа.

Трамп посочи дека растот на случаите почнува да забавува:

„Податоците сугерираат дека на национално ниво го поминавме пикот на нови случаи. Да се надеваме дека тоа ќе продолжи и дека ќе продолжиме да постигнуваме одличен прогрес“, рече Трамп.

Трамп најави дека новите упатства за олеснување на карантинските мерки ќе ги соопшти денеска, откако ќе зборува со гувернерите.

САД имаат повеќе од 640 илјади потврдени случаи на Ковид-19 и повеќе од 28.5 илјади пoчинaти. Прашан зошто билансот на cмpтни случаи е толку висок во споредба со други земји, Трамп ги обвини владите на другите земји дека лaжaт за cмpтноста во нивните држави:

Прочитајте и:  Песков: Бајден ја ескалира ситуацијата за да ги саботира мировните планови на Трамп за Украина

„Зарем некој навистина им верува на бројките на некои од овие земји?“, праша Трамп, конкретно посочувајќи ја Кина.

- Реклама -