Трамп сакал да ја постави Иванка на чело на Светска банка, многу била добра со бројки

„Се знаеше по неговите очи. Начинот на кој се отворија и светнаа и застанаа на некој зад мене. Само една личност добива таков поглед од Доналд Трамп. Ох, рече претседателот, Иванка!“, почнува текстот на The Atlantic насловен „Светот од соништата на Иванка“, во кој се зборува и за тоа до кој степен оди заљубеноста на Трамп во својата ќерка, која е единствената личност која во неговите очи би можела да го достигне него самиот.

Во интервјуто со новинарот, на пример, Трамп имал само пофалби, и тоа пофалби од кои би се заклучило дека Иванка е најкомпетентниот човек на планетата.

„Таа е родена за дипломатија“, рекол Трамп. „Би била одлична во Обединетите нации, на пример“.

Прочитајте и:  Песков: Бајден ја ескалира ситуацијата за да ги саботира мировните планови на Трамп за Украина

Потоа ја пофалил дека би била одлична и на чело на една од најмоќните финансиски институции на светот. Всушност, тој признава дека сакал да ја постави на чело на Светска банка. Образложува дека „многу била добра со бројки“. Сепак, не ја именувал, вели, бидејќи тогаш сите „би врескале“ дека се работи за непотизам, иако тоа „ќе немало никаква врска со непотизам“.

Својата најстара ќерка од првиот брак Трамп ја опишува „како смирена личност, која во стресни ситуации многу добро реагира“.

„Ако еден ден одлучи да се кандидира за претседателски избори, тешко ќе биде некој да ја победи“, заклучува Трамп.

 

- Реклама -