Трансформерите стануваат реалност (видео)

Уште од првото појавување, трансформерите ги фасцинираат децата со нивната неверојатна способност. Сега истражувачка група за роботика од Јапонија, со име Brave Robots го претставила својот спортски автомобил кој се трансформира во робот.

Групата ќе го претстави својот прототип со размер 1/12 за време на Maker Faire во Токио кој започнува на 1 декември. Овој автомобил се контролира со модифициран контролер за Playstation 3, има ракетен фрлач во секоја рака и безжична камера која испраќа сигнал до направи како iPad.

Тимот, предводен од Кенџи Ишида, создал неколку верзии на роботот во минатава деценија пред конечно да го создадат Brave Robot кој без напор се трансформира од автомобил во робот и назад. Роботот ќе биде пуштен во продажба, и на почетокот ќе бидат создадени 10 примероци, секој со сопствена кутија.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

Компанијата исто така планира да создаде и модел во размер 1/8 до следната година и во размер 1/5 до 2015 година. А можеби еден ден тие ќе можат да создадат и автомобил со размер 1/1 за да ги задоволат богаташите од целиот свет.

- Реклама -