Tраволтирајте се: Како звучи вашето име во интерпретација на Траволта?

Актерот направи гаф на доделувањето на Оскарите и веќе се појави виџет кој го испишува вашето име, онака како што само тој би го прочитал.

Џон Траволта направи гаф на доделувањето на Оскарите кога името на колешката го прочита сосема погрешно. Сега е јасно, дека таа грешка ќе го прогонува долго, особено откако се појави оваа шега.

Траволта требаше да ја најави главната актерка од анимираниот филм „Замрзнатото кралство“. Меѓутоа, наместо Idina Menzel тој сосема необјасливо прочита Adel Dazim.

После тоа се појавија лавина прозивки на сметка на Траволта на интернет. Врвот е Adel Dazim, генератор на имиња, кој ви овозможува да дознаете како би звучело вашето Траволтизирано име.

- Реклама -