Повеќето корисници на преносни компјутери барем еднаш си го поставиле прашањето „Треба ли да ја вадам батеријата кога лаптопот е вклучен во струја?”, прашува BaterryLand .
На интернет има десетици спротивни ставови по ова прашање. Ако сепак се држиме до некои неспорни факти за составот и начинот на работа на современите батерии за лаптоп, одговорот е: во повеќето ситуации не е потребно, но има и такви, кога е пожелно.
Држењето на целосно наполнета батерија (100%) во лаптоп не е опасно за неа или за машината, бидејќи кога енергијата ќе достигне максимум, струјата е пренасочена од батеријата директно кон напојувањето. Со текот на времето батеријата се разредува сама дури и ако компјутерот е постојано врзан кон електричната мрежа.
Откако енергијата паѓа за неколку проценти, батеријата се полни повторно целосно. Овој процес е неопходен и се одразува добро на батеријата за лаптоп. Сепак, препорачливо е да го полните лаптопот со батерија барем еднаш месечно за да го одржувате нејзиниот капацитет на највисоко можно ниво. Високата температура ја оштетува батеријата на лаптопот, ако се разбира ја чувате батерија постојано внатре, па така овој процес има и свои недостатоци. Но, тие се манифестираат само ако вашиот лаптоп работи при температура, повисока од нормалната.
При нормална употреба, се случува оптимално функционирање на системот за ладење и не многу висока температура на околината (кога температурата на процесорот и хард диск не надминува 40 – 50 степени) батеријата може да стои во лаптоп. Интензивното користење, доведува до одвојување на големо количество топлина (на пример кај компјутерски игри, каде што температурата надминува 60 степени), препорачливо е батеријата да биде отстранета, за да се избегне несакано прегревање. Топлината всушност е поголем непријател на литиум-јонските батерии. Имајте го тоа во предвид.
Значи, ако користите дополнителни системи за ладење, работите во постудена просторија или не го оптоварувате значително вашиот лаптоп, нема проблем, ако батеријата стои на местото. Држењето на целосно наполнета батерија (100%) во лаптопот не е опасно за неа или за самиот компјутер.