Трејлер за „Monsters University”

Во новиот филм „Monsters University” (Чудовишта на факултет), Мајк и Сали се упатија на колеџ.

Во првиот трејлер за продолжението можеме да го видиме Мајк како пристигнува на Универзитетот за чудовишта, и се обидува да се прилагоди на животот на колеџ, каде и го запознава својот цимер Сали.

Били Кристал и Џон Гудман повторно ги позајмија своите гласови за главните ликови, а неодамна Кристал изјави дека Мајк е неговиот „омилен лик“.

Оригиналниот анимиран филм, „Monsters Inc”, премиерно беше прикажан во 2001-та година и беше огромен хит со заработка од преку 561 милиони долари на кино-благајните ширум светот.

„Monsters University” не враќа неколку години наназад и ни открива како се запознале Мајк и Сали и како започнале бизнис.

Премиерата е закажана за 21 јуни.

[youtube]http://youtu.be/JbeFIfS8uno[/youtube]

- Реклама -