Трејлер за новиот филм на Danny Boyle

Лорд Danny од Boyleshire, како што дефинитивно не сака да го именуваат, има нов филм. Филмот со име Trance е трилер со вкучени хипнози, како што можете да видите од трејлерот подолу.

Дејството кое се одвива во Лондон го вклучува Simon, во улога на James McAvoy, како запаѓа во сериозно опасен свет. По кражбата на сликата на Goya, Witches in The Air, Simon се наоѓа „во џебот“ на опасниот гангстер Franck, кој го толкува Vincent Cassel.

Целата приказна ја заматува тоа што Simon не може да се сети каде ја сокрил сликата. Наместо да провери под креветот, како што цел свет би направил, Cassel го вработува Rosario Dawson, хипнотерапист кој треба да го хипнотизира за тој да ја каже локацијата каде е скриена сликата.

 

[youtube]L4_bdS3_gr0[/youtube]

- Реклама -