Трето издание на Мобил Фестивал

Со задоволоство ви го представуваме третото издание на интернационалниот фестивал на филмови снимени со мобилен телефон Мобил Фестивал кое ќе се одржи на 5-ти, 6-ти и 10  ноември во Скопје и Битола.  

Фестивалот  е поддржан од мобилниот оператор ОНЕ, градот Скопје, Словачката амбасада и општина Центар.  На првата фестивалската вечер која ќе се одржи во Кино Фросина со почеток во 20 часот ќе бидат прикажани филмови во три селекции: главна, во која филмовите ќе борат за главната награда која е посветена на трагично почината Ратка Илиевска – Лале; интернационална, составена од најдобрите филмови од слични светски фестивали и регионална – во чии рамки ќе бидат претставени филмови од регионот.

Главната селекција годинава добива интернационален карактер, и освен филмови од Македонија ќе бидат прикажани и филмови од Италија, Египет, Хрватска кои својата  светска премиера ќе ја имаат во Скопје.  Од оваа година фестивалската програма е збогатена со повеќе новитети.

Прочитајте и:  Овие апликации ви го гушат телефонот: Кога ќе ги избришете, мобилниот ќе ви работи како нов 

Во соработка со Општина Центар ќе се одржи и Џуниор Мобил Фестивал каде што учениците од основните училишта ќе се натпреваруваат во посебна џуниор селекција. Проекцијата на филмовите од Џуниор мобил фестивал ќе се одржи пред главната фестивалска вечер, на 5-ти номеври во 14 часот во Кино Фросина.

На 6-ти ноември со почеток во 12 часот во џепното кино во МКЦ ќе се одржат филмски работилници Мobile Workshop. На работилниците, учесниците ќе се мотивираат  да развијат своја лична и индивудална перспектива за употребата на новите технологии како креативни алатки за филмско изразување. Работилницата е од отворен тип и е отворена за сите заинтересирани.

Филмовите од главната фестивалската вечер на 10 ноември ќе имаат своја проекција и во Центарот за култура во Битола.

За сите дополнителни информации можете да се информирате на веб-страната на фестивалот: http://mobilefestival.net/

- Реклама -