Три дена во септември

Како дел од овогодинешната официјална селекција на филмскиот фестивал на европски филм Синедејс ќе биде „Три дена во септември“, дебитантскиот игран филм на Даријан Пејовски во продукција на Скопје Филм Студио.

TDS_Poster

Филмот ќе ја доживее својата премиера на 12. ноември во рамки на фестивалот, а до сега истиот е прикажан на 39. Филмски фестивали во Монтреал и 51. Интернационален филмски фестивал во Чикаго, два големи светски фестивали, а најавено е учество на уште неколку фестивали во Европа.

„Три дена во септември“ е психолошки трилер, во кој главните улоги ги толкуваат Ирена Ристиќ, Камка Тоциновски, Адем Карага, Милица Стојанова, Салаетин Билал, Кирил Коруновски, Александар Микиќ, Горан Трифуновски, Фатос Крјезиу, Ментор Зимберај, Блерим Черичи.

- Реклама -