На 26. јули 2025 година, во 20:45 часот, во Секторот за внатрешни работи Скопје е пријавена сообраќајна несреќа која се случила околу 20:25 часот на крстосницата помеѓу булеварот „Трета македонска бригада“ и улицата „Коста Новаковиќ“. Во несреќата, три лица се здобиле со повреди.
Во инцидентот учествувале автомобил „Фолксваген Голф“ со италијански таблици, управуван од 22-годишниот М.Т., и автомобил „Сеат“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 46-годишната С.М., двајцата од Скопје.
С.М. претрпела тешки телесни повреди, утврдени во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Возачот М.Т. и неговиот сопатник, 23-годишниот М.А. од село Црн Врв, општина Студеничани, исто така, се здобиле со повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.
На местото на несреќата извршен е увид од страна на екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје.




