Три милиони фунти во гаража

Повеќе...

Класичниот модел на "Bugatti" кој 50 години собирал прашина во една гаража во Тајнсајд во Северна Англија, на претстојната аукција би можел да достигне цена од три милиони фунти.


bugati.jpg

Класичниот модел на "Bugatti" кој 50 години собирал прашина во една гаража во Тајнсајд во Северна Англија, на претстојната аукција би можел да достигне цена од три милиони фунти.
Моделот "57S Atalante" од 1937 година го откриле роднините на лекарот Харолд Кар од Њукасл, во неговата гаража, откако тој починал во 2007 година. Се претпоставува дека автомобилот е еден од вкупно 17-те направени од тој модел. Првиот газда бил Ерл Хов, кој бил и прв претседател на автомобилскиот тркачки клуб. 
Кар кој бил хирург, го оставил автомобилот во наследство на неговата фамилија, а во гаражата се пронајдени и класичен модел "Aston Martin" и еден "Jaguar" од класата Е. 
"Atalante" кој ќе се најде на аукцијата во Париз наредниот месец, има поминато сè на сè околу 40 000 километри. 
 
- Реклама -