Во Музејот на современа уметност од сабота 3 август, во редовни термини од 10 до 17 часот, посетителите ќе можат да погледат три изложби:
Во првата изложбена сала е интернационалната изложба „Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил“, организирана oд Институтот за меѓународни односи во културата (ИФА) и МСУ-Скопје, а курирана од Сузан Вајс, Инка Гресел и Јованка Попова.
Во втората сала е отворена самостојната изложба „Линијата што избледнува: Приказни на работ на легалноста“ на Албан Муја. Куратор на поставката е Владимир Јанчевски
И во третата сала отворена е изложбата „Аквизиции – Донации 2022 – 2023“.
Кураторка на изложбата е Ива Димовски
Фото: Денис Сарагиновски