Три природни лекови против воспаление на синусите

Антибиотиците со кои се лекуваат воспаленијата на синусите може штетно да делуваат на здравјето. Ако пречесто се внесуваат во телото, тоа може да развие отпорност на нив.

Синуситис е воспаление на параназалните синуси предизвикано од бактерии, вируси, алергии… Воспалението може да зафати било кои од назалните синуси.

list_sinusi_1

За среќа во природата постојат билки кои може да ни помогнат во ублажување на воспалението, а кои истовремено го намалуваат ризикот од повторно јавување на болеста.

Лук

Алицинот, состојката која му го дава препознатливиот мирис на лукот , има антибиотско делување, поради што е делотвроен воpg-sinus-pain-relief-01-full лекување на оваа непријатна болест.

Портокал

Ова овошје е одличен извор на витамин C кој ја ублажува запушеноста на носот и помага во чистење на синусите. Вдишувањето на портокалот, исто така, помага во чистење на синусите. Истражувањата покажаа дека со секојдневна конзумација на портокал може значително да го намалите ризикот од воспаление на синусите.

Коприва

Копривите ги ублажуваат воспаленијата на синусите, вклучувајќи ја и надразеноста на очите и чешањето на носот. Ако се земе во форма на чај ја поттикнува работата на имунолошкиот систем што ефикасно ќе се бори против инфекциите. Освен тоа, го поттикнува и ослободувањето на слузта од синусите која е главен причинител за неподносливата болест.

- Реклама -