Сексуалното здравје е поврзано со општата здравствена слика, па и секоја здрава навика е добра за сексуалниот нагон. Особено ако следниве три навики станат дел од вашиот стил на живеење вашето либидо ќе процвета.
Сексуалното здравје е поврзано со општата здравствена слика, па и секоја здрава навика е добра за сексуалниот нагон. Особено ако следниве три навики станат дел од вашиот стил на живеење вашето либидо ќе процвета.
Циркулацијата игра клучна улога во сексуалниот нагон. Физичките вежби го зголемуваат протокот на крв, што е особено важно со оглед на тоа што предуслов за секс е доток на крв во гениталиите. Вежбањето го зголемува и лачењето на ендорфин, што генерално го подобрува расположението и ја зголемува енергијата. А физичките вежби секако го подобруваат изгледот и прават да се чувствувате посекси.
Артериите запушени со заситени масти не дозволуваат големо количество крв да стигне до гениталиите. Прекумерната тежина го нарушува и хормоналниот баланс меѓу естрогенот и тестостеронот. Здравата и разновидна храна е важна во секој поглед, ако на пример имате недостиг од железо постојано ќе чувствувате умор и нема да бидете расположени за секс.
Патувајте колку почесто можете и што поотворено и подобро комуницирајте со својот партнер. Ако премногу работите и постојано сте под притисок тие проблеми ќе ги носите и во кревет каде секоја грижа може да го изеде сексуалното задоволство. Опуштете се!