Трикови за подобра концентрација

Доколку имате проблеми да се концентрирате во работата, тогаш тоа најверојатно се должи на прерастргнатоста што со себе ја носи модерното време. Следниве едноставни трикови ќе ви помогнат подобро да се концентрирате.

Земете гума за џвакање

Да, интересно е, и докажано е дека гумата за џвакање ја подобрува концентрацијата и го одржува здравјето на мозокот. Зошто? Научниците пробаа многупати да го објаснат овој феномен, но безуспешно. Како и да е, ова е факт, ако не верувате пробајте…

Играјте логички игри

Се мисли на малите добро познати логички игри. Овие игри делуваат исклучително позитивно. Ја подобруваат концентрацијата и ја одржуваат кондицијата на мозокот.

Редовно одмарајте

Додека спиеме, мозокот ги „архивира“ мислите и сеќавањата од предходниот ден. Па така, ако сакате да имате добра концентрација и правилна работа на мозокот, редовно спијте.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

Нахранете го мозокот

Антиоксидантите и Омега 3 масните киселини се есенцијална храна за мозокот. Овошјето, зеленчукот и рибата мора да бидат дел од вашата исхрана за да имате здрав мозок и добра концентрација.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -