TripAdvisor го избра хотелот што ви нуди најмногу за парите (ФОТО/ВИДЕО)

TripAdvisor ја објави листата на хотели кои нудат најмногу за парите. Листата се темели на оценките и коментарите на гостите оставени на сајтот на TripAdvisor, а кога се работи за овогодишниот победник, тие се сосема едногласни. Се работи за еко-хотелот Lurdeia во Баскија.

Цените на собите се движат околу 60 евра по ноќевање, а доручекот чини околу 6 евра. Хотелот се наоѓа во подножјето на планината Солубе, во идиличниот природен резерват Urdaibai, кој е познат и како еден од најубавите делови на Шпанија. Згора на тоа, хотелот нуди прекрасен поглед на Баскискиот залив.

Со највисоки оценки гостите ги оцениле срдечните домаќини, чистите соби, прекрасната локација, но и прекрасната храна. За доручек се служат домашни јајца, органска салата набрана во бавча, домашен леб, маслинки, туна… Сопствениците исто така одгледуваат и еколошко овошје и зеленчук, а кокошките, патките и гуските слободно шетаат низ дворот.

Хотелот има осум соби, а имињата на секоја од нив се дополнителен доказ дека таму се сака природата; наречени се: месечина, камен, море, мајката земја… итн.

Гостите велат дека се работи за идеална локација за опуштање и бегство од градското темпо на живот, но и за прекрасни долги прошетки во природа.


Повеќе на официјалниот сајт.

- Реклама -