„Мојот став е јасен и непроменет: секој кој постапува спротивно на законите и злоупотребува институциите за свои лични интереси мора да понесе одговорност. Владата има неселективен пристап“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од Росоман.
Тој истакна дека како владина структура, цврсто остануваат посветени на политиката на нула толеранција кон корупцијата, особено во управувањето со институциите. „Мора да направиме разлика од едно претходно време, кога за време на СДСМ и ДУИ се штитеа функционери кои правеа злоупотреби. Овој пат тоа не е случај“, додаде министерот.
„Ги охрабрувам сите земјоделци и граѓани, ако имаат сознанија за злоупотреби, манипулации или било какви незаконски дејствија, веднаш да ги пријават“, порача тој. Министерот Трипуновски очекува дека надлежните институции до крај ќе го истражат случајот.




