Триумф за Ердоган на “поправните” избори

Теоретски, Ердоган постигна сè – ја зајакна власта во текот на повеќе од 10 години, поседуваше харизма, а во исто време постигна и  економски раст по финансиската криза од 2001 година, но не се задоволи со тоа.

Со неверојатно зголемување на гласовите само 5 месеци по фијаското на парламентарните избори од 7 јуни, Партијата на правдата и развојот на Реџеп Таип Ердоган освои апсолутно мнозинство во новиот турски парламент.

618x412

Политичките сили, ја поминаа бариерата од 10% за влез во парламентот, па остануваат четири партии како и досега – владејачката АКП, социјалистичката Републиканска народна партија (ЦХП), десничарската Партија на националистичко движење (МХП), и прокурдската Народна демократска партија (НДП).

Распределбата на силите меѓу нив сепак веќе е во корист на АКП, која ја зголемува за 9% изборната поддршка за неколку месеци и добива вкупно 49,37% од гласовите на Турците.

Тоа ја зголемува веројатноста за остварување на идејата на Ердоган да протурка уставни промени и да ја претвори Турција од парламентарна во претседателска република, со тоа што, дури и со сегашниот резултат партијата веќе има право да го подложи прашањето на референдум.

“Слава на Алах”, напиша премиерот Давутоглу на својот Twitter профил.

“Денес е ден на победа за нашата демократија и нашиот народ”, рече подоцна тој пред насобраните граѓани. “Се надеваме дека ќе служиме добро во следните четири години и ќе се соочиме повторно пред вас во 2019 година”

Главната опозициска сила Републиканската народна партија, која се надеваше на силен пробив, доби само 25,41% – за еден процент повеќе во споредба со изборите од јуни.

Значителен пад во изборната поддршка забележуваат националистите и прокурдската партија на Демирташ.

Народната демократска партија собра само 10,68% и застана на работ на парламентарната застапеност.

Курдското население ги пречека резултатите од изборите со огромно разочарување.

Пред седиштето на НДП избувнаа судири меѓу приврзаници на партијата и полициските сили.

Прочитајте и:  „Вкусот на Турција“ во Скопје

Загубата кај националистите е уште повеќе видлива. Партијата на националистичкото движење доби само 11,94% поддршка на позадината на 16,29 отсто од последните избори.

618x345

Резултатите од предвремените парламентарни избори, кои се сметаат како последно искушение пред премиерот Ахмет Давутоглу и АКП се покажаа изненадувачки за голем дел од турските граѓани.

Незадоволството од погазувањто на демократските права на граѓаните и слободата на говорот попушти пред стравот од нестабилност по новата серија од немири меѓу властите и Курдите.

По крвавиот терористички акт во Анкара од 10 октомври – најтешкиот напад во историјата на Турција, политичката ситуација се промени драматично.

Безвластието влијаеше и на економската состојба на земјата – турската лира доживеа сериозна девалвација во однос на доларот и еврото.

Турција се управуваше од привремената влада на АКП од 7 јуни до денес. Тогаш партијата на Ердоган и Давутоглу претрпе изненадувачки пад, откако за прв пат во 13 години не успеа да собере доволно гласови за еднопартиско владеење.

Основана во август 2001 година АКП имаше три последователни победи на парламентарните избори во Турција во 2002, 2007 и 2011 година Досега секогаш имала удобно мнозинство пред опозициските сили за да управува самостојно.

На редовните парламентарни избори на 7 јуни 2015 година сепак АКП падна под 276 парламентарни места. За споредба – партијата си поставуваше за цел да земе барем 330 места за да направи промена во уставот без помош од надворешни сили, па да го промени политичкиот систем во земјата и да му даде целосна власт и овластувања на претседателот и основач на АКП – Реџеп Таип Ердоган.

Во својот говор по “изолирачкото” молчење тогаш турскиот претседател кажа дека го разбрал “предупредувањето” од гласачите кои се плашат од “претерување од власта”.

- Реклама -