Триумфот на „десниот национализам“ на изборите во Македонија е сериозен удар за ЕУ амбициите, виновни се ЕУ членките што уценувале – смета Рот

Поранешниот германски министер за надворешни работи и претседател на Комисијата за надворешна политика во германскиот Бундестаг, Михаел Рот, смета дека победата на ВМРО-ДПМНЕ на двојните избори е сериозен удар за ЕУ амбициите и дека за ова не е одговорна само поразената социјалдемократска влада, туку одговорни се и државите на ЕУ кои ги европеизирале билатералните проблеми и ги уценувале.

„Десниот национализам триумфираше во Северна Македонија. Сериозен удар за ЕУ амбициите. За ова не е одговорна само поразената социјалдемократска влада, туку државите на ЕУ кои ги европеизираа билатералните проблеми и ги уценуваа. Ако продолжиме со преговорите за пристапување кон ЕУ на таков технократски начин, младата генерација ќе се иселат од Западен Балкан, национализмот и евроскептицизмот драстично ќе се зголемат. Русија и Кина треба да бидат среќни. Конечно ни треба рестарт и без блокади“, напиша Рот на Х. 

- Реклама -