Царовска повикува: Кандидирајте се за пратеничка на СДСМ (ВИДЕО)

„Го започнавме изборот на најодговорни кандидатки и кандидати за пратенички и пратеници од независноста до сега. Заедно со нив ќе одиме кон нова победа и ќе креираме политики со кои ќе ја движиме државата напред“, порача денеска актуелната вицепремиерка за економски прашања во техничката влада по предлог на СДСМ – Мила Царовска, повикувајќи ги жените кои ги делат социјалдемократските идеали да се кандидираат за пратеничките листи на СДСМ за претстojните избopи.

„Poдовата еднаквocт и eднaква зacтапеност на жeните во политиката беа и остануваат наш приоритет на којшто посветено работиме. На кандидатските листи за прв пат настапуваме со ист број на жени и мажи. Бидејќи педесет со педесет е соодоносот што треба да го отсликува нашето општество.

Сите одлуки ќе ги носиме заедно, подеднакво силни и гласни, еднакво застапени, како што доликува на секоја прогресивна и демократска земја. За ова се боревме и во оваа насока продолжуваме, за наскоро 50-50 да видиме и на советничките листи за локалните избори.

Прочитајте и:  Филипче по средбата со Сиљановска Давкова: Искрено посакувам ова да биде еден политички дијалог кој ќе стане пракса

Ги повикувам сите жени кои ги делат социјалдемократските идеали, кои имаат желба и визија за подобро утре, да веруваат во себе и да ни се приклучат кон промените. СДСМ е партија која умее да препознае квалитет, вистинска и искрена заложба.

Кандидирајте се за пратеничка, направете го тоа одлучно и самоиницијативно! Да изградиме силен, независен Парламент кој ќе продолжи да ги унапредува правата на жената и ќе поттикнува целосна еднаквост меѓу жените и мажите. Приклучете се, заедно да носиме позитивни промени, заедно да работиме во интерес на сите наши граѓанки и граѓани“, порача Царовска.

Ден порано, да се кандидираат за пратеничките листи на СДСМ граѓаните кои ги делат социјалдемократските идеали, повика и генералниот секретар на СДСМ – Љупчо Николовски.

- Реклама -