Царовска: СДСМ има 200 нови членови во Шуто Оризари, граѓаните препознаваат кој навистина се грижи за нив

„Ниту една Влада досега не направи толку многу за да го подигне економскиот стандард и квалитетот на живот на Poмите, но и на сите други граѓани, како што тоа го направи Владата предводена од СДСМ“, истакна потпретседателката на СДСМ – Мила Царовска, при вечерашната посета на општина Шуто Оризари.

„Оваа Влада предводена од СДСМ вложува во граѓаните.

Социјалната помош ја зголемивме за 300 отсто и сега четиричлено семество добива месечен надоместок од 10.700 ден., што е многу повеќе отколку надоместокот од околу 50 евра што претходно со години ги добиваа.

Сите деца, меѓу кои и poмските деца, денес имаат право на детски и образовен додаток.

Повеќе од 27.000 домаќинства добиваат гарантирана минимална помош зголемена за 300 отсто и 34.000 деца добиваат детски додаток.

Дополнително ја зголемивме и минималната плата за таа да биде достоинствена за работниците“, рече Царовска.

Прочитајте и:  Мицкоски разочаран од новото раководство на СДСМ

Освен за економските мерки, Царовска зборуваше и за решавањето на станбениот статус на poмски семејства во неколку општини:

„Во Кочани ги преместивме poмските семејства од касарната во други места за живеење. Да не ги заборавиме нашите сограѓани кои со години живееа под Кале во супстандардни услови, за нив направивме две места за живеење, едно во Визбегово, другото во Општина Гази Баба. Но продолжуваме понатаму, нас ни е важно Poмите да ги видиме на сите позиции, да имаат целосна застапеност, а тоа ќе постигнеме само ако го поддржиме овој концепт на едно општество за сите“, порача Царовска, која присуствуваше и на пapтиски настан каде беа поделени 200 нови книшки на нови членови на СДСМ.

- Реклама -