Цел авион само за него: Бил единствениот патник во празен „Боинг“ со 188 патнички места (ФОТО)

Литванецот Скирмантас Стриматис бил мошне изненаден кога се качил во „Boeing“-от 737-800 на летот од Вилнус до Бергамо, а таму го пречекале 188 празни патнички места. Единствени други луѓе во авионот биле двајцата пилоти и пет членови на екипажот.

Како што објаснија од туристичката агенција „Новатурс“, авионот го ангажирале за да пренесе група патници од Италија до Литванија. За да не го праќаат авионот празен, т.е. да надоместат дел од трошокот, пуштиле во продажба билети во еден правец. Таков билет купил само еден патник, а веќе знаете кој е.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел

Тие два часа, колку што траел летот, Стриматис ги опишува како „искуство што се случува еднаш во животот“.

 

- Реклама -