Цела Полска трага по овие летечки попови

Полската полиција трага по четворицата млади луѓе, кои маскирани во свештеници скокнале со падобрани од прочуениот облакодер во Варшава, Палатата на науката и културата, а снимката од скокот ја објавија на интернет.

Скокот од најстариот облакодер во Варшава е копија на скокот од Универзитетот Ломонсов во Москва, изведен уште пред еден месец, но дури денес, кога снимката ја пренесоа и полските медиуми, за нив се заинтересира и полицијата.

Тие облекле свештенички мантии, за незабележително да го прошверцуваат падобранот, што им тргнало од рака, а на врвот од зградата, на видиковецот за туристи, се заклучиле во тоалет, се опремиле и пред изненадените туристи скокнале.

Управата на Палатата денес соопшти дека никој од неа не побарал дозвола за скок и дека, сосема сигурно не би ја ни добил.

Прочитајте и:  Рускиот напад со интерконтинентална ракета ги подигна полските борбени авиони

- Реклама -