Мариналеда е мал град на југот на Шпанија, познат како „демократска утопија“. Веќе со години успешно се спротивставува на капитализмот и заработува од земјоделство.Окружен од платажни маслини и полиња со пченки, овој град со години му се спротивставува на капитализмот и заработува од земјоделство.
Од почетокот на финансиската криза во 2008 година, ова место станало едно од ретките во Шпанија во кои рипнал животниот стандард. Најзаслужен за тоа е градоначалникот Хуан Мануел Санчез Гордиљо, чиј што прекар „Шпанскиот Робун Худ“ не го добива случајно.
Тој во август минатата година организирал низа грабежи во шпанските супермаркети, во знак на протест против капитализмот. Основните намирници како ориз и масло биле изнесени од продавниците, а потоа поделени на сиромашните, додека касиерите беспомошни ја надгледувале сцената.
Во интервју после овие настани Гордиљо, кој е на чело на Мариналеда од 1979. година изјавил дека ова не било кражба туку „ненасилен акт на непослушност“.
„Постојат семејства кои не можат да си дозволат храна. Во 21. век тоа е срамота. Храната е основно право, а не нешто за кое што треба да се шпекулира“, изјави тој.
Секој кој сака да изгради куќа во споменатиот град, може тоа да го направи сосема бесплатно. Неопходниот материјал и работнинци ги обезбедува општината, а семејствата се обврзале да плаќаат 15 евра месечно, до крајот на животот, со договор дека куќата не може да биде продадена и да се заработи од неа.
Додека невработеноста во Андалузија изнесува окоу 37 проценти, во Мариналеда таа е еднаква на нула. Сите 2.700 луѓе работат, воглавно на плантажи и фарми, а сите работници се платени подеднакво, и тоа по 1.200 евра месечно.
„Мораме да размислиме за сопствените вредности, потрошувачко друштво и важноста која им ја придаваме на парите. Маринелада е само мал пример и би сакале нашето искуство да му послужи на остатокот од светот“, вели Гордиљо.