Целосната листа на пратеници кои побарале апанажа – некои сакаат и да добиваат средства сѐ до пензија

Скоро сите пратеници од претходниот парламентарен состав, независно на која партија односно коалиција припаѓаат, поднеле барање за Собранието да им исплаќа плата и по нивниот мандат. Се работи за 18 пратеници од СДСМ и коалицијата, 16 од ВМРО-ДПМНЕ, 4 од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, тројца од ДУИ, двајца независни пратеници и еден од Алтернатива, објави „А1он“.

Како што пишува порталот, меѓу пратениците има и имиња кои во собраниските клупи седеле и по неколку мандати, а покрај најголемиот дел од нив – кои бараат да добиваат апанажа во рок од една година, има и такви кои побарале Собранието да им одобри исплата на средства и во времетраење од повеќе од 12 месеци, сѐ до нивното пензионирање. Целосната листа погледнете ја ТУКА.

Прочитајте и:  Инцидент во Собранието, за малку избегната физичка пресметка меѓу Апасиев и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

Денеска, на истиот новинарски брифинг на кој соопшти дека 44 пратеници од претходниот состав побарале апанажа, собранискиот спикер Талат Џафери ја искара јавноста дека креирала перцепција дека сето зло во македонското општество потекнува од Собранието и пратениците и дека во таков случај требало сите да се собереме и да воведеме некое друго уредување, поинакво од парламентарната демократија…

- Реклама -