Цитати за снобови

Има ли човек кој што не познава барем со еден до двајца поединеци од оваа „раса“ во вашиот живот?

Надуени, претенциозни, самовљубени и истовремено неизвесни – снобовите по дефиниција се обидуваат да бидат нешто што не се.

Да видиме што рекле и мудрите глави по овој повод.

*

Тоталитаризмот и снобизмот се еден вид роднини во речникот на човековата душа. Иако на прв поглед тие немаат ништо заедничко, сепак, тие се изотопни: снобизмот е само изотоп на тоталитаризмот. И едното и другото се базираат на лажни вредности: и тоталитарниот ум и снобот се прикажуваат за повеќе одошто сè – Венко Андоновски.

За да си заработиш растечка и трајна почит во општеството, добро е да поседуваш голем талент, за да те упатат уште во раната младост и да зададете многу здрав удар во брадата на ова омилено наше општество. Потоа да бидете сноб. – Салвадор Дали

Вистинската дефиниција на сноб е човек кој копнее за работите кои ги делат луѓето, наместо за оние кои ги обединуваат. – Џон Бакон

Вистинскиот сноб никогаш не се одмора; секогаш има повисока цел за постигнување, секогаш има нови луѓе на кои  што гледа од високо.

Вистинскиот сноб е човек кој се плаши да признае дека му е здодевно кога му е здодевно, и дека му е весело кога му е весело. – Пол Валери

На снобовите не може да се потпирате. Понекогаш, делот што фали, може навистина да биде убав. – Карл Краус

Не сум сноб. Прашајте кого сакате. Кого и да е,  од најважните луѓе. – Симон Ле Бон, Англија. поп-рок пејачка од „Дуран Дуран”

Ние сметаме дека водиме скромен живот и  се гледаме само со кралот и неколкумина избрани пријатели. – Марго Аскуит, грофицата на Оксфорд и Аскуит, англ.писателка и сопруга на Херберт Хенри Аскуит, британски премиер 1908-1916

- Реклама -