Фарес Шаиби го отвори резултатот во четвртата минута, а до крајот на првото полувреме погодија и Антони Руо и Бранко ван ден Бомен.
Оксер доминираше на теренот и имаше голем број шанси да стигне до гол, но не успеа, а конечните 4-0 ги поставија Закариа Абукал и Тис Далинга.
Лион одигра израмнет натпревар против Нант, а мрежите останаа да мируваат и двете екипи си поделија по еден бод.
На останатите дуели Брест одигра 0-0 против Лил, додека Клермон освои бод против Рен (1-1).