Туристички совети за Истанбул

Можеби најдобриот начин за полесно да се снајдете кога патувате во нов град е да ги следите советите на оние што го посетиле пред вас. Денес ви пренесуваме неколку основни совети за посетата на Истанбул.

Посетете го Ејуп

1164_5

Едно од највпечатливите места во Истанбул е Ејуп, исламско светилиште, каде што е погребан Ејуп Енсари, придружник на пророкот Мухамед. За да дојдете до таму, качете се на траектот од Еминону до Златниот Рог и потоа пешки можете да пристапите кон светилиштето. Внимавајте на кодексот на облекување кој е доста строг (дамите што сакаат да влезат треба да имаат шамија на главата).

Чудо за три дена

Најдобрата карактеристика на Истанбул е тоа што речиси сите поважни обележја во градот се наоѓаат во релативно мал радиус, па така можете без никаков превоз, да ги посетите речиси сите поважни локации во два до три дена. Не заборавајте ги: Света Софија, Сината џамија, Киз Кулеси, Долмабахче сарајот, Топкапи, Капали Чаршија, Кулата Бајазит, Пера Палас хотелот и Џамијата Лалели.

Тераса со поглед

07CHECKIN_SPAN-articleLarge-v2

Ништо не се споредува со ноќната глетка на Истанбул. А, најдоброто место за да уживате во оваа глетка се панорамските ресторани кои се наоѓаат во повеќе хотели во близината на Света Софија. Опуштете се и дозволете да бидете воодушевени од илјадниците светилки кои го оцртуваат градот во темнината.

Прочитајте и:  „Вкусот на Турција“ во Скопје

Истражете ја другата страна на Истанбул

Istanbul-streets-Turkey

Истанбул е многу повеќе отколку само споменици и историја. Истанбул е жив град со живописна култура. Заминете на север и прошетајте се по мостот Галата, каде што се собираат рибарите, за да го искусите метежот и бучавата што ја создаваат стотиците бродови што минуваат низ Босфор. Заминете кон Кумпаки, во близина на рибарското пристаниште во стариод дел од градот, каде што ќе најдете одлични и евтини ресторани со морска храна, кои гравитираат околу малиот плоштад и во тесните улички поплочени со калдрма.

Искусете ја традиционалната бања

APTOPIX TURKEY TURKISH BATH

Прошетајте низ стариот дел од Истанбул. Во некоја од бројните улички сигурно ќе налетате на некој помал и попријатен амам од големите и доста посетени амами. Таму веројатно ќе можете да се исценкате за подобра зделка, а добар дел од помалите амами, во обид да привлечат што е можно повеќе гости, полека го забораваат старото правило (посебни машки и женски бањи), па веројатно ќе можете да искусите дел од османлискиот раскош заедно со вашиот партнер.

Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk

- Реклама -