Туристичките водичи ќе премолчат: Проститутките од античкиот храм на Афродита

Следната година, кипарскиот град Пафос ќе ја понесе титулата Европски град на културата. Кој би помислил дека туристичкиот град на западот на Кипар, украсен со бетонска џунгла од хотели, кинески и индиски ресторани и кафичи и мали сувенирници има било што да понуди на културен план?

Како што пишува БиБиСи, дури и домаќините биле изненадени кога ја добиле престижната титула. Меѓутоа, потребно е само малку да се загребе под површината и да се открие зошто Европската унија реши вака да ги „почасти“ Кипар и Пафос. Во 1966 година, еден кипарски земјоделец наиде на остатоци од огромно археолошко наоѓалиште.

77fb1fc08b040f377041[1]

Со ископувањето е пронајден грчко-римски град со неопислива важност за Кипар. Најдени се вили, палати, театри, тврдини, но и една од најголемите станбени резиденции воопшто на Медитеранот.

Рушевините Неа Пафос се последните градби што го преживеале катастрофалниот земјотрес кој го погодил Западен Кипар во четвртиот век од нашата ера. Повеќето градби се срушени, но мозаичките подови се преживеани. УНЕСКО ги прогласи за заштитено светско наследство, бидејќи се и меѓу најубавите мозаици на светот.

Туристите, кои ги има од речиси сите земји на светот, доаѓаат на Кипар за да ги погледнат мозаичните подови и да ги видат илјадници години старите прикази на митовите за забранетата љубов на Пирам и Тизба, или за Зевс и силувањето на Ганимед.

Уште поинтересен е храмот посветен на Афродита, изграден околу 1.200-тата година пред нашата ера. Изворно тоа бил храм посветен на заборавената божица на плодноста, но со тек на времето (векови) е пренаменет.

Денес на Кипар името на Афродите продава сé што туристите можат да посакаат/побараат. Од наем на автомобили, па до хотелско сместување. Но, во времето пред христијанството, нејзиното име привлекувало еден друг тип на туристи.

a8cc958d164c7b0b186b[1]Верниците го посетувале храмот на Афродита и таму имале секс со жените кои таму живееле. Се работи за прастар облик на сексуален туризам. Реки од луѓе се слевале во Нео Пафос за да ѝ оддадат чест на божицата, но и за да уживаат во развратните фестивали каде сексот со странци бил преферираниот избор на забава.

Модерните туристички водичи ги преќутуваат таквите начини на забава во Пафос, но грчкиот историчар Херод пишувал за Кипар уште во петтиот век пред нашата ера: „Најразвратниот вавилонски обичај е оној кој ја присилува секоја жена да седи во храмот на Афродита и полово да општи со странец барем еднаш во животот“. Обичајот се применувал на сите жени, и сиромашните и богатите, и убавите и грдите. Единствената разлика била што богатите жени до и од храмот обично ги транспортирале во затворени носилки.

0152d3395f964f3e780d[1]

„Жена не смее да одбие пари. Штом еднаш странецот ќе ја одбере и ќе ѝ стави пари во скутот, била присилена да општи со него надвор од храмот“, пишува Херод, кој исто така додава и дека понекогаш грдите жени го чекале својот странец со години.

Слични забелешки изнесува и Џејмс Фрејзер во книгата „Златна гранка“: „Изгледа дека на Кипар некогаш било обичај секоја жена да мора да се проституира во храмот на божицата“. Фрејзер додава дека слични обичаи имале и вавилонците.

Римските цареви ги забраниле таквите обичаи во 4 век од нашата ера, но се чини дека обичаите и покрај тоа преживеале уште со векови. Во 1336 година, германскиот свештеник Лудолф од Сучен (Suchen) зборува за пагански аџилак до Пафос, со предупредување дека „кипарското тло ја предизвикува желбата во мажите“.

- Реклама -